Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193.370 лица.

Објавил: admin@magazin | 20 септември, 2021 10:45

Попишани вкупно 1.037.309 лице, 323.286 домаќинства и 438.705 станови

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вкупно 1.037.309 лице, 323.286 домаќинства и 438.705 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193.370 лица.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември. 

Додека пак за помалку од една недела во Хрватска се самопопишаа повеќе од половина милион граѓани.

Така, до вчера, предку апликацијата е-граѓани, се самопопишале 546.000 луѓе.

Најмногу луѓе се попишале во Загреб, а постоа следуваат другите жупании.

Самопопишувањето трае уште оваа недела, а потоа почнува втората фаза односно излегување на терен.

Имено, попишувачите од оние кои се самопопишале ќе земат потврда пишана, испечатена или фотографирана, за да потврдат дека граѓанинот е попишан. Оние кои тоа не го направиле ќе бидат попишани на лице место.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.