Започнува летниот распуст за учениците од учебната 2018/2019 година

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 јуни, 2019 10:54

Последен ден на училиште годинава- почнува летниот распуст за учениците

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска започнува летниот распуст за учениците од учебната 2018/2019 година ја завршуваат околу 270 илјади средношколци и основци, меѓу кои и 20 000 првачиња.

Денеска започнува летниот распуст

По завршување на учебната година, на полуматурантите им претстои запишување во средните училишта а првото пријавување во јунскиот уписен рок е на 17 и 18 јуни, а второто на 24 и 25 јуни. Според Конкурсот на Министерството за образование наука, за учебната 2019/2020 година слободни се вкупно 35.690 ученички места.

За разлика од нив, на матурантите им престои упис на посакуваниот факултет, но претходно треба да поминат уште две тестирања од државната матура кои се полагаат овој месец пред да се запишат на факултет во август. Во вторник е полагањето на третиот екстерен испит (бизнис, историја, биологија, филозофија, хемија, физика, естетика или социологија), а на 13 јуни е тестот по математика.

Од септември се очекува и новиот закон за основното образование кој во нацрт-верзија деновиве е поставен на Електронскиот регистар на прописи (ener.gov.mk) за доставување сугестии и забелешки.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести