САД го заземаат првото место по производство на нафта, јаглен, природен гас, злато, уран, железо, алуминиум, олово и др.

Објавил: admin@magazin | 3 мај, 2019 0:01

ПОТВРДЕНО: Америка влегува во БАНКРОТ- еве кога точно САД ќе остане без пари!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Америка нема да може да ги плати своите сметки во другата половина на оваа година, доколку конгресот не го подигне износот кој владата може да го позајми, предупреди Министерството за финансии.

На основа на моменталните достапни информации, трезорот очекува дека вонредните мери ќе бидат преземени некаде во другата половина на 2019 година, изјави заменик на Министерот за Економија.

Смит додаде дека од голема и клучна важност е, конгресот да ја зголеми можноста за ново задолжување на државата, а трезорот ќе го повика конгресот да реагира брзо на оваа важна работа, која се работи за иднината за Америка.

Канцеларијата на американскиот конгрес на буџетот (CBO) претстави графикон на динамиката на јавниот долг на Америка, кој го покажува забрзаниот раст. Спрема прогнозите, предвидување за 2029 година е дека индексот ќе достигне 93 отсто годишниот БДП, а до 2049 година можно е да порасне  и на 150 отсто, бројка која до сега не е видена.

Уште во текот на војната, во 1781 г. бил донесен првиот Устав на новата држава со кој таа била прогласена за конфедерација. Конфедерацијата претставувала не многу цврст сојуз на држави. Во неа секоја држава имала сопствена војска, финансии и царински граници. Ваквото државно уредување се покажало несоодветно, па во 1787 г. Конгресот донел нов Устав со кој била засилена централната власт. Со новиот Устав се предвидувало на чело на извршната власт на републиката да стои претседател, избиран на 4 години. За прв претседател на САД бил избран Џорџ Вашингтон.

САД се составени од 50 држави. Тие се водечка сила во светот со високо темпо на економски развој. Со околу 130 милиони работоспособно население создаваат 20% од меѓународната трговија.

САД го заземаат првото место по производство на нафта, јаглен, природен гас, злато, уран, железо, алуминиум, олово и др.

Основа на економијата е индустријата, и тоа: металургијата, машинството, електронската индустрија, електротехничката, петрохемиската, хемиската, автомобилската, авиoнската, авиокосмичката, прехранбената, филмската, музичката, воената индустрија и др. Во аграрниот комплекс има високоразвиено интензивно земјоделство и сточарство. Земјоделското производство се одликува со голема продукција на скоро сите земјоделски култури.

САД се карактеризираат со развиена транспортна мрежа: околу 6 милиони километри патишта, голем број пристаништа за воден и за воздушен сообраќај. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести