Луковски на сопствено барање, во својство на сведок, утринава се појавил во Обвинителството за да го дополни исказот, кој пред обвинителите за „Рекет“ го дал претходно во постапката.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 август, 2019 16:01

Потврдено: Жарко Луковски дал дополнителен исказ за „Рекет“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото таратур.мк

Жарко Луковски, поранешниот главен извршен директор во „Т-мобиле“, утринава бил да даде исказ во Обвинителството за гонење организиран криминал за случајот „Рекет“, потврдија од Обвинителството за организиран криминал, за Канал 5.

Неговиот дополнителен исказ, следува откако пред само еден ден во Обвинителство на Рускоска исказот го дополнуваше и Орце Камчев.

Луковски на сопствено барање, во својство на сведок, утринава се појавил во Обвинителството за да го дополни исказот, кој пред обвинителите за „Рекет“ го дал претходно во постапката.

Како што можеше да слушне и целата јавност името на Луковски се слушаше и во аудио разговорите кои ги објави „Ла Верита“. Во тој разговор се слуша како Бојан Јовановски – Боки 13, во разговор со Орце Камчев, вели дека „Луковски завршил работа за случајот со базните станици – и во СЈО и во Владата“.

Луковски е и меѓу осомничените во предметот на СЈО – „Базни станици“, каде се товари дека злоупотребил околу 3,5 милиони евра, бесправно легализирајќи ги дивите базни станици, а е дело кое го води обвинителката Лиле Стефанова.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести