Во меѓувреме од МНР соопштија дека расте бројот на македонски граѓани во Израел кои бараат помош и евакуација, оттаму воедно повторно повторија граѓаните да ги следат насоките за контакт со надлежните лица и да ги почитуваат безбедносните протоколи.

Објавил: Македонка Димкин | 9 октомври, 2023 10:51

Потресно сведоштво на Израелка со потекло од Македонија чие семејство е киднапирано

Фото/Текст извор: ©фејсбук

Дан, која е дел од израелско семејство по потекло од Македонија, вели дека, како што одминува времето, така расте болката и неизвесноста. Ниту знае дали се живи или мртви, ниту пак некој од надлежните нешто и кажува..

Имаше пукање како во најстрашниот филм кој што можете да го замислите, влегуваа во домовите, земаат работи, ги палат куќите и ги киднапираат луѓето. Ја киднапираа мојата ќерка, мојата мајка, мојата внука и внук и нивниот татко.Не знаеме ништо ни каде ги однеле, ниту зошто ги однеле, ниту што сакаат да прават со нив.. Се наоѓам помеѓу очај и надеж или плачам или се молам, мојата малечка ќерка ми вика се ќе биде во ред, мојата ќерка ме смирува мене, знаете, не треба да биде така, јас би требало да ја смирувам нејзе.

Таа со помалечката ќерка и сопругот живее во населбата Кисифум, која е исто така во близина на појасот Газа. Војската на Хамас влегла и во нивниот дом, но тие успеале да се спасат бидејќи навремено се заклучиле во „сигурносна соба“, од која кога излегле налетале на пустош, киднапирани семејства и убиени цивили, а армијата ги евакуирала во близина на мртвото море во 3 по полноќ.

-Како лош филм, луѓето влегуваат во домовите, пукаат на секаде, пукаат во луѓе. Ние влеговме во „сигурна соба“ и се заклучивме, ако не успеевме тоа да го направиме можеби сега немаше да можам да разговарам со вас. Бевме затворени во соба без храна, вода и тоалет, без никаква конекција со надворешниот свет. Кога излеговме, откривме дека голем дел од нашето семејство исчезнало, некаде… дека терористите ги однеле во Појасот Газа, претпоставувам.

Вели, иако сега се далеку и на сигурно место, сепак траумата и грижите се огромни. Бара помош од сите страни за да си ги врати најблиските дома.

-Тука сме неколку часа и се уште го слушам пукањето и тенковите и експлозиите на гранатите, секое поместување на собата ми изгледа како некој да пука во мене, целосна траума и многу сум загрижена за мојата ќерка, мајка ми и внуците.

Во меѓувреме од МНР соопштија дека расте бројот на македонски граѓани во Израел кои бараат помош и евакуација, оттаму воедно повторно повторија граѓаните да ги следат насоките за контакт со надлежните лица и да ги почитуваат безбедносните протоколи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести