Утринава Македонија се збогува со еден од најголемите нејзини синови, на 81 годишна возраст, почина најголемиот македонски театарски режисер, еден од најголемите умови што се родиле под македонското сонце, професорот Љубиша Георгиевски.
Љубиша Георгиевски е роден на 30 мај 1937 година во Битола.
Беше театарски и филмски режисер, драмски писател и есеист, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје.
Како политичар, Георгиевски бил претседателски кандидат во 1994 година, амбасадор во Бугарија 2000 – 2004 година, претседател на Собранието на Република Македонија 2006 – 2008 година и амбасадор во Србија 2009 – 2013 година.
Георгиевски дипломирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија, група „Театар и радио режија”, во Белград, 1974.
Неговите претстави се играат на повеќе од десет јазици и истите гостувале ширум Европа, од кои позначајни гостувања се во Москва и Виена.
Има објавено десеттина книги. Како филмски режисер има режирано четири филма.
Како новинар има напишано преку двесте авторски колони во „Дневник”.
Добитник е на повеќе од дваесетина награди во рамките на поранешна Југославија, како и наградата од критиката за претставата „Искушение” од Вацлав Хавел во Theater Center како најдобра претстава на театарската сезона. Неговите пиеси „Црна” и „Јованка Орлеанска” се играни со успех, а некои од нив се уште се на репертоарот.
Добитник е на најголемата награда „4 Ноември“ во родниот град Битола за животно достигнување.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.