Предлогот за новата Влада е таа да биде составена од 19 министри, што немален за седум министерски места во однос на претходната.

Објавил: Владо Марин | 29 август, 2020 11:34

Почнува собраниската расправа пред изборот на втората влада на Заев

Фото/Текст извор: ©slobodnaevropa.mk

На денешната собраниска седница ќе започне расправа за избор на нова Влада. СДСМ најави дека денеска граѓаните ќе добијат стабилна и ефикасна Влада, додека од ВМРО-ДПМНЕ реагираат за ветувањата од програмата.

За денеска во 11 часот е закажана седницата број 10 на Собранието, на која точка на дневен ред е избор на нова Влада предложена од лидерот на СДСМ Зоран Заев кој е мандатар. Пратениците треба да го разгледуваат и да дебатираат за составот на новата влада, кој потоа треба да биде изгласан најдоцна до недела на полноќ.

За избор на Владата е потребно просто мнозинство од 61 глас. Владината коалиција ја сочинуваат три политички партии кои постизборно се договорија да формираат мнозинство: колицијата „Можеме“ предводена од СДСМ, ДУИ и ДПА. Тие заедно во Собранието имаат парламентарно мнозинство од 62 пратеници, откако по завршувањето на изборите на 15 јули СДСМ освои 46 мандати, ДУИ 15 и еден ДПА.

На денешната собраниска седница ќе започне расправа за избор на нова Влада. СДСМ најави дека денеска граѓаните ќе добијат стабилна и ефикасна Влада, додека од ВМРО-ДПМНЕ реагираат за ветувањата од програмата.

СДСМ денеска соопшти дека македонските граѓани ќе добијат стабилна, ефикасна и одговорна Влада која ќе гарантира континуитет во спроведувањето на заедничките стратешки приоритети како членство во НАТО и Европската унија, добри меѓусоседски и меѓуетнички односи, внатрешна кохезија, справување на пандмијата на коронавирусот, економски раст, ефикасна правна држава и модерно образование.

Предлогот за новата Влада е таа да биде составена од 19 министри, што немален за седум министерски места во однос на претходната.

Покрај Заев како премиер, во предлог-составот на новата Влада доставен до Собранието минстата среда, за членови се предложени Љупчо Николовски како вицепремеир за борба против корупција, Фатмир Бетиќи за вицепремиер за економија, Никола Димитров за вицепремиер за европски прашања.

Оливер Спасовски е предложен за министер за внатрешни работи, Радмила Шекеринска за министерка за одбрана, Бојан Маричиќ за министер за правда, Благој Бочварски – министер за трансорт и врски, Венко Филипче – министер за здравство, Мила Царовска – министерка за образование и наука, Јагода Шахпаска – министерка за труд и социјална политика, Ирена Стефоска – министерка за култура.

Исто така Аријанит Хоџа е предложен за министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Горан Милевски за министер за локална самоуправа, Артан Груби – вицепремиер и министер за политички систем, Бујар Османи за министер за надворешни работи, Насер Нуредини за министер за животна средина и просторно планиорање, Јетон Шаќири – министер за инфораматичко општество и администрација.

ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе учествува на дебатата на собраниската седница за изборот на нова Влада. Партискиот портпарол Димче Арсовски изјави дека ќе гласа против.

ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со реакција за ветувањата од програмата на Владата. Партијата во соопштение наведува дека лидерот на СДСМ Зоран Заев ветувал многу, а дека во програмта на Владата „нема ништо од тоа.“

„СДСМ пред избори ветуваше 100.000 нови работни места, а сега во програмата воопшто не го спомнува ова“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ги нема ниту ветените покачувања на платите во здравството и образованието.

„СДСМ ветуваше многу и сега ретерира“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

На 15 јули во Македонија се одржаа предвремени парламентарни избори, откако за тоа во октомври се договорија лидерите на најголемите партии во земјава на средба кај претседателот Стево Пендаровски по недобивањето на датум за преговори со Европската унија.

Изборите првично беа закажани за април, но беа одложени поради избувнувањрето на епидемијата на новиот коронавирус.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести