Поранешни функционери и пратеници од СДСМ, реагирале на можноста да се промени член 36 од уставот, со што би се отворила можност од Македонија да остане само знамето

Објавил: Мартин Попоски | 4 ноември, 2018 13:03

По АСНОМ ќе ги нема и НОБ и Првоборците, ќе се менува и химната?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По реакциите на грчкиот претседател за членот од Уставот на Македонија во кој единствено останува името Македонија, извори од Владата лиферуваат дека премиерот се обидува да најде компромис.

Имено т.н. барања на Канческа Милевса кои во целост правно се регулирани со Преспанскиот договор, како информираат биле само параван за оваа забелешка која ја имал целиот преговарачки тим на Грција, на чело со Ципрас и поранешниот министер Коѕијас.

Заев и Канческа Милевска ги измислиле фиктивните амандмани со цел да се обидат на јавноста да и прикажат добрососедсто разбирање и соработка, со што Грција би ги прифатила амандманите на Канческа Милевска кои постојат, а Заев би прифатил корекција и во член 36.

Македонската држава на крајот на Втората светска војна буквално е измислена во рамките на Југославија, основана за првпат и во неа е еманципирана и македонската нација, и македонска култура, македонски јазик, сите македонски симболи, сите македонски уметнички достигнувања, вели Мирослав Грчев, член на Советот за култура на СДСМ и раководител на работната група на Министерството за култура за анализа на проектот „Скопје 2014“. Грчев е идејниот творец на Знамето на Македонија, државно знаме на територијата на Републиката, усвоено на 5 октомври 1995 година кога се сменило етничкото македонско знаме по контроверзен политички пат.

Членот  36 од Уставот на Република Македонија гласи:

Републиката им гарантира посебни социјални права на борците од Антифашистичката војна и од сите националноослободителни војни на Македонија, на воените инвалиди, на прогонуваните и затвораните за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност, како и на членовите на нивните семејства кои немаат можности за материјална и социјална егзистенција.

Посебните права се уредуваат со закон.

Она што е суштинско во овој член е што е единствениот каде се именува Македонија и Македонски народ, што секако би било ирационално со Устав на Северна Македонија.

Грците според извори од Атина, сметаат дека еден член може да го падне договорот но и самата грчка Влада затоа што со него се потврдува дека измените во уставот па и промената на името се чисто козметички.

Поддржувачите на Преспанскиот договор го информирале премиерот Ципрас дека член 36 не смее да постои како таков, затоа што го опфаќа периодот од почетокот на Втората Светска војна кога Македонците немале држава и потврдува постоење на Македонска нација.

Заев според партиски извори се обидел да го корегира Македонија со Северна Македонија, но тоа наишло на огромно незадоволство во самата партија пред се, затоа што и СДСМ е директен наследник на Комунистичката партија на Македонија, дел на Комунистичката партија на Југославија кои се темелат на своето работење токму на Антифашистичката војна т.е. НОБ и Првоборците.

Поранешни пратеници, министри и високу функционери од СДСМ информираат дека ако се промени било што во член 36 како што во Преамбулата се промени дека во 1991 година граѓаните на Референдумот се изјасниле за самостојна и независна Северна Македонија, тогаш ќе се промени и Химната и националните симболи.

Она што ќе остане е знамето на партискиот мегафон Мирослав Грчев, кој последно е познат по тоа што со Талата Џафери си ги вработија децата во државни компании.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.