Поддршка кон актуелниот претседател на ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од пратеници кои безмалку три декади се во партиските структури на партијата пред најавениот ЦК

Објавил: Мартин Попоски | 22 октомври, 2018 14:02

По Милошоски и Вељаноски со поддршка за Мицкоски

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По поранешниот министер за надворешни работи, Антонијо Милошоски, со поддршка за претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се огласи и пратеникот Трајко Вељаноски.

Во пресрет на вечерашната седница на Централниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ, која доаѓа откако во парламентот мина првата фаза во просесот на уставни промени со поддршка од 8 пратеници од опозициската партија и коалиција, дел од влијателните пратеници на ВМРО – ДПМНЕ му изразија поддршка на партискиот лидер Христијан Мицкоски.

Во овие тешки моменти за Република Македонија, потребна е подршка на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицковски, тој ја има мојата подршка а уверен сум и од членството. – напиша на социјалните мрежи пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ Трајко Велјаноски, кој беше долгогодишен претседател на парламентот.

Инаку, Велјаноски и Милошоски, заедно со други влијателни пратеници како Илија Димовски, се спротивставија на изборот на Мицковски за партиски лидер по повлекувањето на Никола Груевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести