По Мијалков, дисциплинските комисии на ОК Центар и ОК Карпош едногласно го исклучија од ВМРО - ДПМНЕ и Тодоров кој делувал спротивно програмските определби, цели и задачи

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 октомври, 2018 10:19

По Мијалков и Тодоров едногласно исклучен од партијата

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ во скопските општини Центар и Карпош во само еден ден ги организираа процедурите потребни за исклучување од партијата на Сашо Мијалков и Никола Тодоров.

Процедурата во ОК Центар за Мијалков била извршена во еден ден.

Во понеделникот вечерта, партискиот ЦК донесе одлука да го исклучи Мијалков поради вршење притисок и уцени врз пратениците да гласаат за уставните измени, во вторникот наутро барањето стигнало во огранокот, а веќе попладнето бил свикан состанок на петчлената дисциплинска комисија

И поранешниот министер за здравство Тодоров бил исклучен едногласно, но добил шанса да ги искаже своите аргументи. 

Статутот предвидува дека дисциплнската комисија може, но и не мора да го повикува „обвинетите“.

Синоќа до рано по полноќ траела седницата на Дисциплинската комисија на Општинскиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ во Карпош каде се расправало за барањето на ЦК за исклучување од партијата на Никола Тодоров.

Повикан бил и поранешниот министерот за здравство, кој добил шанса да ги искаже своите аргументи.

По изјавата, дисциплинската комисија едногласно одлучила дека тој грубо дејствува против програмските определби, целите и задачите на партијата, поради што е донесена мерка за исклучување од партијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.