Како што најавивме, стабилно време ќе имаме уште утре, додека кон крајот на денот облачноста полека ќе се зголемува, и доцна навечер и во текот на ноќта кон вторник од запад ќе се прошируваат врнежи од дожд. Врнежите ќе продолжат и во вторник и локално, и тоа особено на запад ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и на некои места ќе наврнат околу 20 л/м2 воден талог.
Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 20 степени, додека во вторник накратко ќе опаднат и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени.
Од среда па натаму ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а повремено засилен ветер од јужен правец. Температурите, како минималните, така и максималните ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ и тоа поради ИЗРАЗЕНОТО јужно воздушно струење, и истите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО НАД ПРОСЕКОТ за овој период од годината.
Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 13 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени.
Според сегашните анализи, следниот викенд ќе биде уште потопло и понекаде температурите ќе се искачат до околу 25 степени.
И во Скопскиот регион утре ќе се задржи стабилн о и суво време, додека во вторник ќе има зголемена облачност која ќе донесе врнежи од дожд. Ќе дува и умерен до засилен ветер од југоисточен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 17 степени. Од среда и во Скопскиот регион ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди. Температурите ќе бележат тенденција на пораст и минималните ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 5 и 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 21 степен.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.