Ревидирањето на историја брише огромни факти со кои македонското културно историско наследство се уништува, по цар Самоил, браќата Кирил и Методиј и Прличев стана Бугарин

Објавил: Мартин Попоски | 2 декември, 2018 6:23

По цар Самоил, браќата Кирил и Методиј и Прличев станаа Бугарин

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Мултидисциплинарната експертска комисија меѓу Бугарија и Македонија ќе им предложи на владите на двете земји заедничко одбележување на Денот на Светите браќа Кирил и Методиј и на Григор Прличев.

Ова го соопштија по дведновните разговори во Софија копретседателите на комисијата од бугарска и од македонска страна Ангел Димитров и Драги Георгиев.

Со нашите колеги од Република Македонија се согласивме од научна гледна точка да оправдаме зошто нашите две влади треба да продолжат да го слават заеднички Денот на светите браќа Кирил и Методиј. -објасни претседателот од бугарска страна Ангел Димитров, по третото заседание на заедничката комисија.

Постигната е согласност и да се предложи во двете држави да биде почитуван и одбележан Григор Прличев, човек со исклучителни заслуги за културниот и општествениот развој.

Направивме сериозни напори да ги доближиме позициите околу интерпретацијата на средновековната историја и особено на личноста на Цар Самоил. Разговорите беа долготрајни и сериозни, професионално коректни, тешко доаѓаме до заедничка позиција, но не сме кренале раце. – вели Димитров.

Тој посочи дека тешко се надминуваат тези кои биле утврдувани со десетлетија и оти општеството тешко ги прима таквите промени.

Ние треба да направиме чекори кои ќе ги убедат општествата и во двете земји за користа од таквите промени, останувам со надежта дека ќе продолжиме и натаму и оти резултатите ќе бидат задоволителни. – вели Димитров.

Според него, многу е важно да се утврдат настаните и личностите чие заедничко одбележување ќе придонесе за зближувањето на двете држави, за зголемување на довербата и соработката.

Драги Ѓоргиев, директор на Институтот за национална историја во Скопје, кој е копретседател на Комисијата од страна на Република Македонија, рече дека на средбата во Софија имало позитивна атмосфера и желба за соработка.

Задоволен сум од средбата и се враќам со позитивна енергија во Република Македонија. – кажа Георгиев.

И двете страни ги имаат изготвено своите забелешки во однос на учебниците од основното образование и тоа ќе биде тема на наредните средби на комисијата.

Григор Ставрев Прличев (Охрид, 18 јануари 1830 година – Охрид, 6 февруари 1893 година) бил истакнат македонски писател од времето на романтизмот и значаен претставник на македонската книжевност од XIX век.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести