Димитров е политичар без граѓански изборен легитимитет, кој што сега го збори легитимитетот на народот и граѓаните да говорат слободно за својот идентитет држава, уставно име и историја.

Објавил: admin@magazin | 30 јануари, 2019 0:07

Пратеникот Милошоски „буквално избриша патос„ со министерот Димитров (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин.мк

Милошоски на денешната седница, изјави дека тоа што денес го говори министерот да се смени уставот, тоа го говорела и  грчката делегација во Хаг, но сите судии од овие почитувани странски држави пресудиле дека Македонија има право да го зачува својот устав затоа што тоа е суверено право на една нација, бидејќи тоа е достоинството на една нација и дека не се работи за никаков комплекс, напротив тоа е универзално право на секаква нација без разлика колку е голема или мала.

Сега имаме извртување на тезите. Значи сега Грција која не признава постоење на Македонија и македонско малцинство, турско и албанско малцинство, не е нација со комплекс, а тоа што во Македонија некој се дрзнал да помисли подалеку или да толкува на свој на свој начин историјата, тогаш станува збор за нација со комплекс. Тоа е двојниот стандард на Никола Димитров.

Тврдите дека Македонија е нација со комплекс, затоа што ако го немало Александар Македонски ние не знаеме кој сме. Тоа го изјави Димитров.

Но, дали знае господинот Димитров кој ја донесе одлуката за изградба на споменикот на Александар Македонски ??

– Одлука е донесена во декември 2004 година од советот на град Скопје со мнозинство на гласови од советниците на СДСМ и на ДУИ.

Прашајте го Ахмети ако не ми верувате мене или земете го службениот оглас на град Скопје. Дали советниците од СДСМ И ДУИ  го изгласале со буџетот на град Скопје или од Република Македонија да се гради споменик на Александар Македонски биле советници со комплекс. Но, тогаш министерот Димитров молчи затоа што има удобна амбасадорска фотеља во Вашингтон, тогаш одлуката не го иритира, тогаш одлуката не претставува компромитација, тогаш тоа не е комплекс за Македонија ниту за Грција, тогаш е важно што Македонските граѓани и даночни обврзници за 5 – те години амбасадорски мандат одвоиле 500 илјади долари, за платата на господинот амбасадор Никола Димитров. Тоа било важно. но, не било важно тоа што е донесена одлука од СДСМ И ДУИ да се гради споменикот на Александар Македонски.


Потоа имаме следна ситуација.

Проектот за градење на споменикот на Александар Македонски е донесен во декември 2004 година од советниците на СДСМ и ДУИ во советот на град Скопје, во времето кога Никола Димитров е амбасадор во Вашингтон

Господинот Димитров станува прво советник на господинот Груевски а потоа амбасадор во  Хаг. Проектот врз донесената одлука на мнозинството на СДСМ И ДУИ во градот Скопје за градба на за него спорниот споменик обележје почнува во текот на неговиот амбасадорски мандат во Хаг 2009,2010,2011,2012,2013 веќе се е завршено, но господинот Димитров не дава оставка, не дава изјава, не предупредува и не кажува дека тоа ќе ја наружи позицијата. ЗОШТО ? Затоа што даночните обврзници на ова искомплексиран народ според него исплатиле 600 илјади долари за пати на Димитров како амбасадор во Хаг, значи тоа било битно, да има позиција, добра плата и слично , а не било важно дали нешто се гради или некој одлучил нешто да гради, што господинот Димитров ќе го смета денес за кое што нацијата ја прави искомплексирана. Но, кога тој е на позиција тогаш тоа нема никакви проблеми. 


За да си го покрие гафот а особено да го покрие недостатокот на легитимитет кој што го нема на референдумот за проектот кој тој го потпиша тврдејќи  дека претходно ќе даде оставка ако не помине Илинденска Македонија, но веројатно фотелјата е поважна од оставката и принципите, господинот Димитров прашува кој гласал за да се гради проектот 2014. Кој народ и кој граѓани го гласале тоа и дали имало референдум.

Јас кажав дека  гласале советниците на СДСМ И ДУИ во Скопје, но кога сме кај народот и граѓаните прашањето е кој го гласал Димитров да биде амбасадор во Вашингтон кој го гласал да биде амбасадор во Хаг и кој го гласал да биде Министер.

Овде Ременски има зад себе 8000 илјади гласа, Трајко Вељаноски има 50 или 60 илјади гласови, господата од ДУИ И ГРОМ И СДСМ имаат легитимитет со гласови со многу избори, но за Димитров ни еден граѓанин не гласал за тој да биде министер.

Значи се работи за политичар без граѓански изборен легитимитет, кој што сега го збори легитимитетот на  народот и граѓаните да говорат слободно за својот идентитет држава, уставно име и историја.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести