Што се случува во вашето тело доколку имате однос веднаш штом се разбудит

Објавил: Рејхан Бајрами | 30 јуни, 2018 17:12

Предности на утринскиот секс: Зошто треба да го практикувате?

Фото/Текст извор: ©Убавина/Здравје

Сексот ја забрзува циркулацијата, го намалува крвниот притисок, ја ублажува главоболката, ја подобрува самодовербата, го подобрува сонот, го јакне имунитетот и ги согорува калориите. Се прашувате зошто би требало да практикувате секс токму во утринските часови? Ние го имаме одговорот!

1. Подобрување на односот

Сексот дефинитивно ги зближува луѓето. Со оглед на тоа што сексот го подобрува расположението, замислете само колку би било убаво да го почнете денот со позитивни вибрации? Освен тоа, ќе имате среќни спомени од утрото на кои ќе можете да мислите во текот на денот.

2. Намалена анксиозност

Ендорфините и другите хормони на среќата, како што се окситоцин и допамин, ја поттикнуваат циркулацијата, ги смируваат мислите и го намалуваат лачењето на кортизол. Кортизолот е „лош“ хормон што се лачи во стресни ситуации и е чест причинител на многу болести.

3. Поинтензивни оргазми

По повеќечасовен одмор, клиторисот е почувствителен и одлично реагира на стимулација. Кога велиме „одлично реагира“, мислиме на можноста за постигнување поинтензивни, но и побројни оргазми.

4. Подобра концентрација

Оргазмот го намалува нивото на кортизол, го смирува умот и ја подобрува концентрацијата. Сексот може да го има истото влијание како и утринската медитација, само што со сексот ќе потрошите повеќе калории.

5. Забрзан метаболизам

Во текот на ноќта, метаболизмот се забавува и наутро останува таков уште некое време. Најдобриот начин на покренување на метаболизмот е умереното утринско вежбање… или утринскиот секс!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Секс

Колку повеќе сте возбудени, толку полесно ќе уживате во сексот. Затоа дајте си време и потполно посветете и се на предиграта додека не бидете доволно влажни и возбудени.

Уживање во сексот со голем полов орган !

Ако сакаме да бидеме искрени, секоја жена би била пресреќна со партнер чија машкост...

Станува збор за смирувачката „баласана поза“ идеална за оние кои сакаат да ја ослободат својата внатрешна сексуалност, без разлика дали практикуваат јога.

СЕКС-ПОЗА за силен оргазам на жените (ФОТО)

Во природата на човекот е да го подобри секој аспект во животот, па ни сексот не е исклучок....

Сакате да ја вжештите атмосферата зад затворени врати? Еве неколку сознанија кои ќе ви ги интензивираат возбудата и желбата за уште поголема интимност:

КАКО ДО ПОЖЕЖОК СЕКС: ДОЗНАЈТЕ ЈА ТАЈНАТА ЗА СТРАСНИ СЕКСУАЛНИ ОДНОСИ!

Сакате да ја вжештите атмосферата зад затворени врати? Еве неколку сознанија кои ќе...

Не е препорачливо да имате див секс, особено не кога жената ќе влезе во третото тримесечје од бременоста, но сепак, повеќето работи поврзани со сексот се изводливи.

Секс пози во текот на бременоста!

Замислете си дека не сте имале секс девет месеци. Но, зошто воопшто би помислувале на...