Грција нема да го ратификува Договорот од Преспа без претходно да има нови предвремени парламентарни избори или Референдум

Објавил: Мирко Бачиќ | 8 август, 2018 14:00

Пред Договорот од Преспа да дојде во парламентот Независни Грци ќе ја напуштат Владата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пред Договорот од Преспа да дојде во грчкиот парламент Независни Грци ќе ја напуштат владата а земјата ќе оди на избори вели лидерот на партијата Панос Каменос коалициониот партнер во грчката влада и министер за одбрана на Грција.

Во интервју за радиото “Реал ФМ” тој уште еднаш го повтори ставот дека неговата партија нема да отстапи од позициите.

“Кога и да дојде договорот во парламентот ако поминат сите процедури од страна на Скопје – Независни Грци ќе ја напуштат владата. Ние тоа јасно го имаме кажано не можам да се согласам за кое било решение што ќе го дава името Македонија без да му се даде збор на грчкиот народ.” – рече Каменос.

Претседателот на Независни Грци во интервјуто го објасни и процесот што ќе го следи доколку договорот меѓу Македонија и Грција дојде на дневен ред во парламентот.

“Од моментот кога премиерот ќе реши овој договор да го донесе во парламентот ќе одам кај него ќе му соопштам дека ја повлекуваме довербата за владата и си даваме оставки ние што сме министри од Независни Грци па ќе одам кај претседателот на државата а паралелно ќе ја повлечам довербата на коалиционата влада на двете партии.” – објасни лидерот на Независни Грци – додавајќи дека во тој случај во Грција ќе треба да се одржат избори.

Панос Каменос освен избори рече дека постои и друго решение а тоа е одржување референдум за грчките граѓани да одлучат дали го одобруваат или не договорот.

“Не разбирам зошто да не се одржи референдум во Грција а да се одржи референдум во Скопје?” – коментираше Каменос говорејќи за “Реал ФМ”

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.