Битно двојазични табли има

Објавил: admin@magazin | 28 март, 2019 10:03

Пред Клинички сообраќаен хаос, а човечки животи се во прашање

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Големи дупки пред Ургентниот Центар го попречуваат сообраќајот. Тротоарите блокирани, а автомобили се паркираат на улиците.

Иста е состојбата и пред Детската клиника. Болничарите тешко ги пренесуваат пациентите од клиника до клиника.

Граѓаните се револтирани од сообраќајниот хаос на Клинички. Се жалат дека движењето не им е безбедно  и доцнат на закажаните прегледи.

Најалармантна е состојбата во утринските часови кога е и најголемата гужва Дневно низ комплексот минуваат над 5000 пациенти, нивни роднини, но и околу 2000 вработени.

Монтажната катна гаража која беше најавена пред повеќе од една година никако да почне да се гради. На импровизираниот паркинг кај стара гинекологија се паркираат каде ќе најдат место.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...