Еди Рама ги собира колегите на традиционалниот "балкански самит" во август во Драч

Објавил: Мирко Бачиќ | 16 август, 2018 6:48

Премиерите од регионов на 27 август гости на Рама во Драч

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во албанскиот пристанишен град Драч на 27-ми август премиерите на земјите од регионов ќе имаат заедничка средба.

Домаќинот албанскиот премиер Еди Рама колегите од Македонија – Црна Гора – Бугарија – Грција – Хрватска – Косово и Србија ќе ги пречека во владината вила.

На средбата ќе присуствуваат и високи претставници на Европската унија а главна тема на средбата ќе биде расправата за подготовка на заеднички регионални проекти поттикнати од берлинскиот процес.

Средбата ќе биде со идентичен формат како и првата средба одржана исто така во Драч на 26-ти август а на која присуствуваше и македонскиот премиер Зоран Заев.

Покрај премиерите на државите од регионот на ланската средба одржана на 26 август во Драч беше и комесарот за проширување на Европската унија Јоханес Хан и потпретседателот на Светска Банка за Европа и Централна Азија Сирил Милер.

Според албанските медиуми се уште нема потврда дали ќе има претставник на оваа значајна финасиска институција на претстојната средба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.