Путин, едноставно, не смета дека справувањето со вирусот е негова задача.

Објавил: Македонка Димкин | 9 април, 2020 11:32

Престанете да го чекате појавувањето на некој митски Путин, кој ќе дојде и ќе ве спаси

Фото/Текст извор: ©Гардијан

Претседател на Русија Владимир Путин. ја смени  неговата локација од која се бори против КОВИД-19. Тој се изолира во неговатра канцеларија и се фокусира главно на економијата на Русија. Покрај строгите мерки за карантин и затворените граници, Путин се обидува да го намали ширењето на вирусот, истовремено справувајќи се со неговите економските последици од внатрешноста на неговата канцеларија, пренесува „Гардијан“ . 

За време на вонредната состојба, Русите се помируваат со оскудните резерви на заштитни медицински маски, зголемувањето на економските проблеми и монотонијата предизвикана од карантинот. Компаниите побараа поголема помош од владата, како и давање помош од државните резерви. 

»Престанете да го чекате појавувањето на некој митски Путин, кој ќе дојде и ќе ве спаси. Самите можете да го сторите тоа – изјави Евгенија Албац, уредничка на независното списание „Њу тајмс“ за време на гостување на радиостаницата „Ехо од Москва“. 

И додека Путин се бори на свој начина, Француските лекари изразиле желба да тестираат лек против коронавирусот на луѓе во Африка, но на ова остро реагираше Светската здравствена организација (СЗО).

Путин е во изолација од крајот на март, по примерот на други светски лидери, како Емануел Макрон и Ангела Меркел, откако се ракуваше со доктор кој е позитивен на коронавирусот. Кремљ сопшти дека тој не е болен од вирусот и работи од неговата канцеларија. 

Во јавно обраќање на телевизија, Путин побара да бидат дадени бонуси на медицинските лица кои се во првите борбени редови против ковид-19, а рече дека следните две-три недели се клучни во битката на Русија со оваа болест. Тој вирусот го спореди со напади врз Русија од далечното минато.

» Драги пријатели, сѐ поминува, ќе помине и ова. Нашата земја постојано надминувала разни тестови низ вековите, како што беа нападите на Печенезите и Куманите во 10-от и 11-от век. Русија ги победи сите нив. Исто така ќе го победиме вирусот. Заедно ќе надминеме сѐ – изјави Путин. 

Апелот до водечките луѓе на руската власт укажува дека можно е Путин да употреби подиректен пристап во справување со епидемијата. Аналитичарите забележуваат дека пристапот на Путин приликува на лидерите од некои други земји, каде локалните власти спроведуваат строги мерки, а централната власт дава економска поддршка. На овој начин, пристапот ја огранилува изложеноста на Путин на непопуларни одлуки, а истовремено ја задржува локалната поддршка кон него. 

» Путин, едноставно, не смета дека справувањето со вирусот е негова задача. За жал, државната машинерија заборавила да дејствува самостојно – вели Татјана Становаја, руска политичка аналитичарка. 

Според неа, претседателот очекува ефикасност од неговите подредени, а тие, навикнати само на спроведување на одлуките донесени од други лица, досега заборавиле како да носат сопствени одлуки. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести