С.П. отишла во домот на нејзиниот свршеник по што настанала расправија и тој физички ја нападнал

Објавил: Данаил Михајловски | 24 септември, 2018 15:15

Претепана скопјанка од својот свршеник

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во СВР Скопје од Градската општа болница “ Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив била донесена повредена С.П. од Скопје која била физички нападната од нејзиниот свршеник С.Ф.

-На 23.09.2018 година во 19,10 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, од Градската општа болница “ Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив била донесена повредена С.П. од Скопје која била физички нападната од нејзиниот свршеник С.Ф. Имено истиот ден околу 11,00 часот С.П. отишла во домот на нејзиниот свршеник по што настанала расправија и тој физички ја нападнал. Околу 18,40 часот истата со такси возило заминала во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ каде од страна на лекар и била констатирана тешка телесна повреда и била задржана на понатамошно лекување- соопшти МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.