Претседател на Македонија, Ѓорге Иванов денес го прими режисерот Бојаџи, по што на официјалниот ФБ профил се постираше фотографија под која стои "Поддршка за Јани Бојаџи"

Објавил: Мартин Попоски | 9 октомври, 2018 14:26

Претседателот Иванов со поддршка на режисерот Јани Бојаџи

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов на својата официјална Фејсбук страница, јавно го поддржа режисерот Јани Бојаџи.

Поддршката следи откако власта неколку пати се обиде да го спречи прикажувањето на филмот “Ругање со Христa”.

Прво се направија обиди да се спречи фестивалот “КинеНова” каде премиерно беше прикажан овој филм.

Потоа, полицијата упадна во домот на Бојаџи и го уапси неговиот татко за наводно присвојување на артефакти.

На крајот, филмот доживеа одлична премиера, а Државниот правобранител го повлече поднесокот за забрана на филмот до Основниот суд 2 во Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести