ДИК првичните резултати од гласањето добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршувањето на изборите

Објавил: Рејхан Бајрами | 5 мај, 2019 12:55

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2019: Пендаровски и Силјановска во втор круг се борат на 3.480 избирачки места!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Во претседателската трка денеска се борат кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски и на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова.

Во Република Македонија денеска се гласа на 3.480 избирачки места и на 32 во странство. На шестите претседателски избори можат да гласаат 1.808.131 граѓанин запишани во избирачкиот список.

Гласачките места се отворија од седум часот утринава, а ќе се затвараат во 19 часот. Изборите ги следат 3.381 домашни набљудувачи и околу 520 странски набљудувачи.
Набљудувачи има од повеќе амбасади на странски земји, како амбасадите на Руската Федерација, Франција, Велика Британија, Шведска, Унгарија, Италија, Албанија, Словачка во Македонија. Во ДИК се акредитирани и 289 преведувачи.

Еден ден пред изборите, гласаа во казнено-поправните домови , внатрешно раселените, лица кои се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор и немоќните и болните лица.

 Со први резултати од гласањето добиени по електронски пат, ДИК ги ќе ги објави сукцесивно, а резултатите од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.
Конечните резултати од изборите ДИК ќе објави во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.