Лицата се приведени во Полициска станица Чаир, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Објавил: Владо Марин | 9 декември, 2020 19:57

Приведени тројца крадци од Скопје, расчистени „тешки кражби“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Приведени тројца крадци од Скопје, расчистени „тешки кражби“!

На 08.12.2020 во 14.30 и 16.30 часот на ул.Индира Ганди во Скопје биле лишени од слобода А.И.(18) од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил четири кривични дела „тешка кражба“ од патнички моторни возила, и двајца малолетници на 17 и 15 години, од Скопје поради постоење основано сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“.

Лицата се приведени во Полициска станица Чаир, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Исто така денеска во Скопје, по претходно добиени оперативни информации, полициски службеници од ЕНТ-ОНТД при СВР Скопје ја приведоа Д.А. (51) од Прилеп поради нелегално поседување огнено оружје.

При извршен преглед, кај Д.А. е пронајден пиштол „застава“ со пет куршуми и две рамки. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести