Како што пренесуваат британските медиуми принцот Вилијам планирал големо изненадување, за овој ден, а како што извор близок на кралското семејство станува збор за вечера.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 февруари, 2020 10:52

Принцот Вилијам подготвува големо изненадување за Кејт за Дeнот на вљубените

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска е денот на вљубените, па принцот Вилијамс не испушти можност да и покаже колку ја сака својата сопруга.

Како што пренесуваат британските медиуми принцот Вилијам планирал големо изненадување, за овој ден, а како што извор близок на кралското семејство станува збор за вечера.

Кејт и Вилијам имаат три деца: принцот Џорџ , принцезата Шарлот и принцот Луис.

Наводно принцот Вилијам за Денот на Вљубените резервирал романтична вечера во својот омилен италијански ресторан во Лондон.

– Вилијам и Кејт често го посетуваат тој ресторан, тоа им е омилено место каде имаат одредено ниво приватност. Ним им е тешко да излезат некаде, а притоа никој да не ги следи или да гледа во нив. Вилијам има своја нежна страна и сигурна сум дека за својата Кејт веќе обезбедил честитка, убав поклон, а можеби и тивка вечера дома, изјави Кејти Никол – познавач на кралското семејство.

Колумнистката Никол вели дека Кејт Миделтон и Вилијамс минатата недела биле фотографирани како се држат за раце во Јужен Велс, каде што се запознале додека биле студенти, 2001 година. Парот е во брак 10 години и „нивната љубов која е крунисана со три деца, оттогаш само расте“, .

– Не знам дали принцот Вилијам би признал, но тој е прикриен романтичар. Ќе се потруди Кејт да се почувствува посебно на Денот на вљубените, додава Никол.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.