СПРАВЕТЕ СЕ СО НАСТИНКИТЕ СО ПРИРОДНИ ЛЕКОВИ!

Објавил: admin@magazin | 24 јануари, 2021 19:22

Природни лекови за настинка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Природни лекови за настинка!

Зимата е време кога децата повторно се на училиште, сите се вратени од одморите и повторно се на своите работни места, а сета таа раздвиженост значително придонесува за раширување на вирусот на настинка.

Справете се со неа со дел од природните лекови.

СПРАВЕТЕ СЕ СО НАСТИНКИТЕ СО ПРИРОДНИ ЛЕКОВИ!

Зеленчукот е исто така голем фактор за борба против настинката!

Инхалација

Вдишувањето на пареата во тушот, наведнувањето над тенџере со зовриена вода или пак ставање на загреана крпа на лицето го олеснува дишењето, а топлината на лицето дава убаво чувство доколку имате и проблеми со синусите.

Пилешка супа

Една студија од пред десетина години покажа дека пилешката супа има антивоспалителни својства кои ги олеснуваат симптомите на настинката. Проблемот со оваа студија е што не може научно да се поткрепи, бидејќи не постои плацебо за пилешка супа.

Но, дури и ако тоа не е сосема точно, самото јадење на нешто што сте го добивале како дете, ќе направи да се чувствувате добро, а дополнително, ќе внесете доста течности и хранливи материи од зеленчукот.

За навремена превенција од грипот лекарите советуваат повеќе витамини, но и навреме да се реагира и да се оди на контрола за консултација со доктор.

Витамин Ц

Земањето витамин Ц можеби нема да го спречи настинувањето, но затоа може значително да го намали времетраењето, доколку редовно се зема по разболувањето. Она што е интересно е дека кај луѓето во одлична физичка форма (како што се маратонците), витаминот Ц може да го намали ризикот од настинка и до 50 проценти.

Лук

Постојат студии кои велат дека лукот не само што го намалува ризикот од настинка, туку и го скусува времетраењето на болеста доколку ја добиете. Други студии пак покажале дека ова не може да се докаже. Во секој случај, не може да Ви наштети.

Мед

Медот е најпопуларен кога станува збор за лоши кашлици. Една супена лажица мед пред легнување ги намалува симптомите на кашлање, особено кај децата. Ова е еден од поомилените лекови на децата.

Одмарање и многу течности во топло место

Се чини дека најдобриот лек, особено кога станува збор за децата е да го правите она што лекарите отсекогаш го препорачувале – многу одмарање на каучот, со топол пијалак пред себе.

На овој начин му овозможувате на организмот да ја искористи целата енергија во борбата против вирусот, т.е. многу побргу да победи во битката.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...