Зеќир Рамчиловиќ кој е еден од пратениците кои гласаа за уставните измени во Собранието во гостувањето во информативниот магазин на ТВ 21, рече дека прифатени се сите нивни амандмани кои ги предложиле.
Рамчиловиќ избегна да одговори зошто во последен момент го променил мислењето во законодавниот дом.
Прифатени се, очекуваме уште една потврда вечерва бидејќи разговаравме за детали кои треба да ги добиеме во текот на вечерва и писмено. Дефиниравме се, мислам дека нема да има потреба од дополнителни забелешки. – изјави Рамчиловиќ.
Зеќир вели дека откако ќе ги добијат во текот на ноќта, доколку е се како што било договорено на втората средба со премиерот Заев, ќе ги објават и во јавноста.
Заев не најави втора средба а со оваа одлука бројот на уставни амандмани се искачи на седум.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.