По одделни котлини и речни долини во ноќните и во претпладневните часови ќе има појава на магла и на ниска облачност.

Објавил: Перо Милчин | 9 ноември, 2020 18:21

ПРОДОЛЖУВА СТАБИЛНОТО, СУВО И СОНЧЕВО ВРЕМЕ, СО МАГЛА ПО ОДДЕЛНИ КОТЛИНИ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

И во следните денови нашата територија ќе се наоѓа во поле на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна и сува воздушна маса која ќе условува стабилно, суво, сончево време со мала локална облачност.

По одделни котлини и речни долини во ноќните и во претпладневните часови ќе има појава на магла и на ниска облачност.

Минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени.

Во Скопје и околината и понатаму времето ќе биде стабилно и суво со магла, особено во ноќните и во претпладневните часови, Минималната температура ќе се спушта до околу 2 степени, додека максималната ќе се искачува до околу 13 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...