Причините за смртта ќе се утврдуваат дополнително

Објавил: admin@magazin | 16 јули, 2018 14:27

Пронајден мртов маж во центарот на Прилеп

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Изутрината во центарот на Прилеп е пронајден мртов маж на околу 30-годишна возраст. Според Јавното обвинителство во Прилеп на пронајдениот прилепчанец не се констатирани траги на насилство и е наредена обдукција за да се утврдат причините за смртта.

Според првичните информации од Обвинителството станува збор за прилепчанецот С.И.

„С.И. е пронајден околу 6:15 часот. Бил легнат до клупа во малиот парк зад Музејот „11 Октомври“- Участакот. Нема траги на насилство и ќе се изврши одбукција за да се утврдат причините за смртта на прилепчанецот“ вели Мимоза Мрмеска, заменик јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Прилеп.

Полицијата потврди дека е направен увид. Кај нив изутрината пријавила Службата за итна медицинска помош, која само ја констатирала смртта кај прилепчанецот.
Според првичните информации од Обвинителството станува збор за прилепчанецот С.И.

С.И. е пронајден околу 6:15 часот. Бил легнат до клупа во малиот парк зад Музејот „11 Октомври“- Участакот. Нема траги на насилство и ќе се изврши одбукција за да се утврдат причините за смртта на прилепчанецот“ вели Мимоза Мрмеска, заменик јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Прилеп.

Полицијата потврди дека е направен увид. Кај нив изутрината пријавила Службата за итна медицинска помош, која само ја констатирала смртта кај прилепчанецот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести