Под притисок на СЈО или не, под уцени и закани на Заев или не, едно е јасно, пратеничкиот и функционерскиот состав на ВМРО - ДПМНЕ, актуелен и поранешен, се однесуваат чудно

Објавил: Мартин Попоски | 18 септември, 2018 12:53

Проработе механизмот на “уцени” на СЈО, па почна да се “пее” Северна?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Од ден во ден се поголем број на истрошени политичари, луѓе кои биле дел од некоја од претходните влади, политичари со никаков кредибилитет се појавуваат јавно на телевизија и ги повикуваат гласачите на излезат на 30-ти и да гласаат за Северна.

На реформаторите во ВМРО – ДПМНЕ, кои имат места во Централниот и Извршниот Комитет,  им се придодаде и градоначалникот Митко Јанчев, а последен кој повика да се гласа за Северна, во најмала рака, да се подигне цензусот е поранешниот министер за сите влади на Никола Груевски и  поранешен пратеник на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Тодоров.

Ваквите случувања ги изненадија граѓаните и јавноста, но не и познавачите на состојбите и оние кои се добро упатени во политичката состојба во државата, но и спрегата помеѓу извршната и судската власт, олицетворена во СЈО.

Имено Зоран Заев уште како претседател на опозицијата го уценувал екс премиерот Никола Груевски токму со снимките од бомбите врз основа на кои сега СЈО ги креира своите обвиненија.

Со други зборови цела јавност беше сведок на тоа како Заев ги искористил бомбите за уцена кои според тогашното негово кажување му се дадени од странски служби. Токму поради случајот во кој Заев го уценувал тогашниот премиер Никола Груевски обвинителството против него поднесе обвинение за случајот Пуч кој никој пат не се расветли до крај и не доби правна завршниица.

Имајќи ги горенаведените факти во предвид јасно е дека Заев и СДСМ веќе еднаш се користеле со уцена за да дојдат на власт, па сега логично е да продолжат да го користат овој метод за да останат на власт. Интересно е како речиси хорски прв, втор и трет глас се јавуваат екс функционери на ВМРО – ДПМНЕ, бизнисмени, но и функционери на СДСМ со поддршка за референдумот.

Последно изненадување беше изјавата на Отец Пимен кој си ги погази сите изјави дека е за зачувување на Македонското име и национален идентитет по цекоја цена.

Оттука се отвора прашањето дали во овие случаи повторно станува збор за уцена што впрочем претставува многу реална можност, Тодоров, Јанчев, Орце Камчев, Црвенковски и останатите кои се половина уста повикуваат да се гласа на 30-ти не се впрочем уценети од СДСМ преку снимките снимени од странски служби кои сега наоѓаат во СЈО.

Неофицијално се говори дека следни од ВМРО – ДПМНЕ кои ќе ја свиткаат кичмата под притисок на СЈО се уште двајца пратеници на опозицијата, додека шест други пратеници веќе дале согласност дека штом Законот за Доворорот од Преспа ќе влезе во Собраниска процедура, ќе “помогнат” со своите гласови да се обезбеди 81 пратенички глас, или 2/3 мнозинство, до кое на Заев му требаат уште 9 гласови – пратеници.

За крај да се потсетиме кога во Македонија започна Шарената револуција и најмасовните протести во државата. Амнестијата на Иванов официјално беше катализатор за ваквите насилни протести и случувања, но никој никогаш не размисли зошто Иванов ги амнестираше буквално сите тогашни актуелни и неактуелни политичари, настан кој најмногу и нанесе штета на партијата која му го даде претседателскиот мандат, ВМРО – ДПМНЕ.

Сега  веќе е јасно зошто претседателот Иванов го направи ова, ваквиот чин на претседателот требаше да ја олабави целата политичка елита во Македонија од стегите, олицетворени во снимките на странците и бомбите на Заев. Многу веројатно е дека човек кој без срам бараше мито има и други гревови во својата политичка кариера, многу веројатно тоа е точно и за Црвенковски и Шекеринска како и за другите новопечени северњаци.

Очигледно службите на Иванов ја завршиле својата работа и имале информации за пеколниот план кој и се припрема на Македонија со цел да ја претворат во Северна, иако вистинско прашање е и зошто претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски сеуште нема став за актуелните функционери на партијата кои имаат дијаметрално спротивен став од оној кој го искажа?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.