Традициноалната велигденска порака на поглаварот на МПЦ

Објавил: Узунов Бобан | 26 април, 2019 9:11

Прочитајте ја Велигденската порака на поглаварот на МПЦ г.г Стефан

Фото/Текст извор: ©магазин

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан до сите верници од православна вероисповед упати велигденска порака по повод претстојниот празник Воскресение Христово – Велигден.   

Поглаварот на МПЦ г.г Стефан како Стојан Вељановски во с. Добрушево, Битолско. Во 1969 г. се запишал на Македонска православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје и завршил во 1974 година. Истата година се запишал на Теолошкиот факултет во Белград каде дипломирал во 1979 година. По неговото враќање Светиот Архиерејски Синод на Македонската Првославна Црква го назначил за учител во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“. Во 1980 г. се запишал на постдипломски студии во Институтот „Св. Никола“ во Бари, Италија кој се специјализира во патријаршиски и Византиски студии. Во 1982 г. дипломира на институтот.
Кога тој се вратил во Македонија станал професор на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
Тој се замонашил во манастирот „Св. Наум“ во Охрид на 3 јули 1986 г. а на 12 јули бил именуван за Митрополит Струмички, а кратко потоа именуван за поглавар на Брегалничката епархија.  Во Охрид од 9-10 октомври 1999 г. на црковно-народниот собир (составен од духовни и световни членови) бил избран за поглавар на МПЦ.

Сè што било проречено за Спасителот Господ Исус Христос од старозаветните праведници – се исполнило: и доаѓањето, и раѓањето, и служењето, и судењето и распнувањето… Се исполнило и навестувањето за Неговото воскресение, кое Самиот го прорекол, кога рекол: урнете го овој храм и за три дни ќе го подигнам. И навистина: по лажните обвиненија, по неправедната пресуда и по распетието на Голгота, Синот Божји бил погребан и на третиот ден – воскреснал. Затоа, денот на Христовото Воскресение е ден за радост, и тоа радост за вечниот живот. Но, за да го разбереме и да му се радуваме на тој спасоносен ден, потребно е да живееме со настанот што ги донесе новото време и новата Во Охрид од 9-10 октомври 1999 г. на црковно-народниот собир (составен од духовни и световни членови) бил избран за поглавар наера. Со Неговото воскресение се оправда и сета наша вера и доби смисла животот. Од тоа чудо над чудата извира и надежта во сопственото воскресение, зашто ако Христос не воскреснеше, празна ќе беше нашата вера.

Велигденската радост треба да нè зближува и да нè обединува сите, како чеда на нашата мајка Црква, и нас во Татковината, и сите вас што живеете раселени по светот. Без разлика каде сме, да живееме богоугодно и во мир со сите луѓе, чувајќи ги националните и духовните посебности како народ, покажувајќи потребна грижа за светоста на бракот и семејството, грижа за повозрасните, изнемоштените и сиромасите, а особено за младите и нивното воспитување во духот на верата православна и на нашите прадедовски традиции. Како народ конечно да најдеме начин за меѓусебно помирување, па да простиме сè со Воскресението. Тоа нам, како христијани, ни е света должност, зашто кој не го љуби својот брат – како може да Го љуби Бога?!

Прославувајќи го Христовото Воскресение со сите христијани во светот, да се радуваме и веселиме поради победата над смртта, поради верата во сеопштото воскресение и надежта во вечниот живот во Царството небесно. Да се радуваме заради Воскресението Христово и воскресението наше, поздравувајќи се со торжествениот поздрав: Христос Воскресе!, стои во велигденската порака на поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.