Полицијата работи на целосно расчистување на случјот

Објавил: admin@magazin | 6 август, 2018 15:28

Пукање во Гостивар – куршуми завршиле до возило на Итна помош

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во западниот дел на Македонија е целосен хаос, доколку се погледне билтенот на МВР, ќе забележите дека секојдневно се алучуваат грабежи, пукотници и ред други рботи.

Инаку, во текот на вчерашниот ден во 12,15 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека истиот ден од страна на непознато лице бил испукан проектил од огнено оружје, при што зрното од проектилот ја пробило настрешницата од гаражата која се користела за паркирање на возила од Итна медицинска помош во кругот на Медицинскиот центар Гостивар и завршило на подот помеѓу две возила.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.