Неофицијално одлагањето нема врска со нацрт законот за селективна амнестија кој е готов, туку со фактот што со него нема да бидат опфатени пратениците кои го поддржаа

Објавил: Мартин Попоски | 7 декември, 2018 7:34

“Пукна тиквата”, телото за помирување нема да заседава ни денес

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

И трето одлагање на фамозната комисија за помирување на која треба да се претстави веќе одамна изготвениот нацрт закон за селективна амнестија, со што очигледно е дека преговорите не одат во позитивна насока.

Имено дел од групата одметнати пратеници од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата веќе не веруваат во својата поддршка за уставни измени, но и начинот на кој треба да се спроведе селективната правда.

Имено согласно нацрт законското решение трите пратеници, Мукоски, Василевски и Арнаудов можно е да не бидат воопшто во категоријата за амнестија.

Официјално работната група за помирување, формирана со цел поефикасна работа на парламентарното Координативно тело за помирување и интеграција, според информациите од Собранието ќе се состане во понеделник, иако првично требаше да има средба во средата која беше закажана за денес.

Со оглед на тоа дека во текот на изминатата недела беше најавено дека до петок ќе има законско решение, ова веројатно значи дека предлогот за амнестија е веќе подготвен.

Работната група за помирување имаше задача да го подготви законското решение за помилувањата и националното помирување, додека останатите две групи формирани во рамките на Координативното тело за помирување, се за интеграција и реформи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.