Дипломатската игра за која најмногу жали прва ја започна Грција со серијата обвинувања и протерувања

Објавил: Мирко Бачиќ | 7 август, 2018 9:38

Путин протера двајца грчки дипломати – грчки функционер ставен на црната листа

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Официјална Москва соопшти дека го повикала грчкиот амбасадор во Москва Андреас Фриганас кому му била врачена нота во која се наведуваат дека мерките што ќе ги преземе Русија односно дека ќе постапи на истиот начин како и Атина која минатиот месец протера двајца руски дипломати.

Грција во јули одлучи да протера двајца руски дипломати и уште на двајца им забрани влез во земјата поради обид за поткуп на функционери и да поттикнат демонстрации за да го спречат постигнувањето на Договор со Македонија познат и како Договор за промена на името со кој како што тврдат на земјата и се отвораат вратите кон НАТО.

Русија категорично ги негираше обвинувањата.

Министерството во својата изјава не ги именуваше грчките дипломати што ќе ги ги протера или ќе ги замоли да заминат.

“Руската државна агенција “РИА” повикувајќи се на неименуван извор објави дека Москва го протерува грчкиот трговски претставник како и грчкиот дипломатски службеник одговорен за комуникации во грчката амбасада.”

Исто така и на висок официјален претставник на грчкото Министерство за надворешни работи му бил забранет влез во Русија.

Рускиот амбасадор во Грција ги нарече обвинувања против руските дипломати како “глупости” и ја обвини Атина дека дејствува без докази додека руското Министерство за надворешни работи предупреди на неодредени последици.

По дипломатскиот потег Грција соопшти дека сé уште сака добри односи со Русија.

“Но односите се влошија посебно откако рускиот амбасадор во Атина минатиот месец објави дека планираната посета на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Грција за септември се одложува истакнувајќи дека терминот не е соодветен.”

Минатата недела рускиот претседател Владимир Путин го назначи поранешниот заменик началник на Департментот за планирање при руското МНР Сергеј Баздникин за амбасадор во Република Македонија откако од должност е ослободен досегашниот амбасадор Олег Шчербак кој на оваа функција беше од 2010 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.