Уживате како турист, а земате плата

Објавил: admin@magazin | 23 август, 2018 12:18

Работа од соништата на Малдиви

Фото/Текст извор: ©Курир.рс

Сѐ уште барате совршена кариера? Нема проблем, книжарница на Малдиви бара некој кој сака да работи таму.

Малдиви се наоѓа на Индискиот океан, а најпознати се по коралите гребени, неверојатни песочни плажи и беспрекорен туризам.

Па така на ова одморалиште одлучиле да одат чекор напред и на гостите да им понудат библиотека за читање книги на плажа.

Човекот кој го издал огласот кажал дека платата е солидна, но бенефициите доаѓаат со работното место се неверојатни, пренесува Курир.рс.

Со оглед на тоа дека продавачот на книги ќе живее на пуст остров во близина на ексклузивен ресорт и ќе ужива во сите погодности на туристите, за сето тоа ќе добива и плата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.