сабота, 4 мај 2024

MK/ EN/ DE



Според она што го објави српски Телеграф, на гламурозната свадба на која имаше дури 480 гости, младенците добиле многу пари. Како што пренесѕваат српските медиуми станува збор за 300 илјади евра и уште многу вредни подароци.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 ноември, 2019 11:08

Ражнатовиќ ги преброија парите- Се шокирале кога виделе колку пари собрале!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк
Вељко и Богдана се венчаа во неделата во Белград

Младите веќе направиле свој план за тоа како ќе ги потрошат парите а мама Цеца помага во сите планови како глава на семејството.

-Младите по свадбата беа пресреќни што се помина како што треба и како што замислија. Кога на ред дојде отворањето на ковертите, ја повикаа и Цеца која заедно со нив ги броеше парите. Во ковертите најмногу имаше од 500 до 1000 евра, а во некои и 2000. Кога собраа се’ сфатија дека имаат околу 300 илјади евра, вели извор близок на семејството Ражнатовиќ .

Како што изјави изворот за српски Телеграф, семејството воопшто не се надевало на таа сума.

-Воопшто не е чудно што Вељко и Богдана добија толку пари како подарок, бидејќи Цеца каде и да одеше на свадби, секогаш носеше добра сума пари како подарок. Не можам да кажам дека не се изненадија кога сфатија колку добиле, но тоа нив не им значи. На Вељко, Богдана, како и Цеца најважно им е што веселбата го оправда синонимот „свадба на векот“ –подвлдече извор.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.