Според Стоилковски Заев се согласува со сталинистички метод за броење гласови, во разговор во пред референдумскиот период!

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 јули, 2019 14:46

„Разговорите со комичарите ги открија криминогеноста на Заев и неговите сталинистички методи за спроведување на избори“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Комичар му се јавува на Зоран Заев и претставувајќи му се како тогашниот украински претседател Порошенко, му го цитираат Сталин! Внимавајте, украински претседател го цитира Сталин како совет, Сталин – човек одговорен за смртта на околу пет милиони Украинци! И тоа на Заев не му е сомнително. И притоа Украинскиот претседател во моментот има акутен проблем со Москва. И повторно на Зоран Заев тоа не му е сомнително. Зоран Заев нема елементарно познавање за функцијата која што ја извршува, изјави на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

„Уште пострашно, сталинистичкиот совет кој што со задоволство го прима Заев. Цитирам: „Како што вели еден од нашите политичари: Не е важно како гласаат граѓаните, важно е како се бројат гласовите“.
Заев: „Да, да, да, да…“
„Се надевам дека овој совет ќе ви помогне?!“ вели лажниот Порошенко.
Заев: „ДА, ЌЕ МИ ПOMОГНЕ, СИГУРНО!“ вели Стоилковски.

Според Стоилковски Заев се согласува со сталинистички метод за броење гласови, во разговор во пред референдумскиот период!

-Заев се согласува со мислата на Сталин која што целосно гласи: „ДОВОЛНО Е ЛУЃЕТО ДА ЗНААТ ДЕКА ИЗБОРИТЕ СЕ ОДРЖАЛЕ. ЛУЃЕТО ШТО ГЛАСААТ НЕ ОДЛУЧУВААТ НИШТО. ЛУЃЕТО ШТО ГИ БРОЈАТ ГЛАСОВИТЕ ОДЛУЧУВААТ ЗА СÈ“. Сета македонска јавност сведочи што се случуваше по пропаста на референдумот, тезите дека недостасувале гласови против или дека мнозинство биле ЗА, токму по сталинистичкиот совет, по што следеше онаа криминогена операција за менување на Уставот во Собранието на Република Македонија! Сета јавност сведочи за митото нудено за време на референдумската кампања. Сета јавност сведочи за вратоломиите и брзите прсти при гласањето за 4, 5, 7, 9 секунди по гласачи!, потенцираше Стоилковски.

Стоилковски вели дека разговорите ја открија и криминогеноста на Заев во однос на поткупувањето, ја откриваат и заевата блискост со светски мешетари кога станува збор за лажни вести, митоманство, перење пари и финансирања на кампањи.

„Сега на сите им е појасно дека не биле без основа обвинувањата од кандидатот Блерим Река и од Гордана Силјановска Давкова за сталинистички методи во претседателската трка на СДСМ! Па Зоране Заев, колку ти помогнаа советите од Сталин? Колку сталинистичките методи помогнаа во пребројувањето на гласовите на референдумот, а колку на претседателските избори? Разговорите ја открива и криминогеноста на Заев во однос на поткупувањето, ја откриваат и заевата блискост со светски мешетари кога станува збор за лажни вести, митоманство, перење пари и финансирања на кампањи. Јавното обвинителство мора со сериозност да отпочне процеси за сите наводи од разговорите и пораките разменети меѓу Заев и лажниот Порошенко, доколку во Обвинителството останало барем малку интегритет. Или Заев ја довел работата до нов сталинизам: „Нема луѓе – Нема проблеми“!“

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести