Во еден од разговорите кој бил снимен со употреба на ПИ-мерки обвинетиот Демири разговара со непознато лице, кое го прашува:

Објавил: Весна Петровска | 28 октомври, 2019 13:38

Разговор во „Монструм“ снимен со ПИ-мерки: „Ми се погоди мрсен батак, го оставив до пола“!

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

На денешното судење за случајот „Монструм“ се читаат СМС пораки и транскрипти од разговори на дел од обинетите.

Во еден од разговорите кој бил снимен со употреба на ПИ-мерки обвинетиот Демири разговара со непознато лице, кое го прашува:

-Да не те боли желудникот?

Демири одговара:

„Ме удри мрсното во глава“, смеејќи се.

Потоа непознатото лице повторно го прашува дали јадел денес а Демири одговара:

„Батакот ми се погоди многу мрсен и го оставив до пола, и повторно се смее.

Во разговорoт Демири и непознатото лице разговаат и за буре.

„Го фрли ли бурето“, прашува Демири, а соговорникот му вели дека го фрлил во каналот.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, непосредно по петкратното убиство кај Смилковското езеро, во комуникација со тогашниот министер, Џељал Бајрами, вели дека убиството го сториле професионалци, а автомобилот „Опел Омега“ оставен во близина на границата бил само обид за дезорјентација на истражителите.

Ахмети вели дека му кажал и на премиерот дека ниту за време на вооружениот конфликт, како што се вели во транскриптот од разговорот, “нашите” никогаш не фатиле деца да егзекутираат. Според Ахмети, нивна цел секогаш биле униформирани лица, а не цивили.

Инаку овој разговор е дел од 133-те илјади смс пораки и транскрипти кои се дополнителни докази за случајот Монструм.

На почетокот на денешната расправа, судијата кој го води предметот информираше дека се уште трае вештачењето на мобилните телефони на обвинетите, а таквата анализа дека се прави во Секторот за компјутерски криминал во МВР.

За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, обвинети се Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири.

Тие претходно беа обвинети на доживотен затвор. Во декември 2017 година, Врховниот суд ја укина пресудата по што случајот го презеде СЈО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.