– Постојат луѓе кои велат како можеме да отвориме преговори со Албанија кога нема Уставен суд.

Објавил: admin@magazin | 25 октомври, 2019 18:55

РАМА: ЕУ го изневери Заев-го смени името на Македонија, а тоа е наместо Февзиу да те именуваат во Сами!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Албанскиот премиер Еди Рама кој гостуваше во емисијата „Опинион“ на Клан телевизија, изјави дека нема намера да поднесе оставка и додаде дека ќе си дадел оставка само доколку не ја завршел својата работа. 

Еди Рама во интервјуто го повтори ставот дека по неуспехот со не отворањето на преговорите со ЕУ, нема никаква намера да поднесе оставка и додаде дека ќе си дадел оставка само доколку не ја завршел својата работа.

– Во случајот на Заев е сосема подруго и во тој случај сите други би го сториле истото, затоа што од Заев беше побарано да го смени името на државата. А знаете ли што значи да се смени името на земјата? Тоа е исто како да го смениш името, па наместо Февзиу да те именуваат во Сами, вели Рама.

– Постојат луѓе кои велат како можеме да отвориме преговори со Албанија кога нема Уставен суд. На овие луѓе им кажав што баравме во Албанија, ги замоливме да направат реформа во правосудството. Ако треба да се отворат преговори, Албанија мора да го направи она што го баравме, му рекла Меркел на Рама.

Според Рама, успех е што Албанија нема Уставен суд „затоа што е исчистен од реформата во правосудството“.

Албанскиот премиер Еди Рама најави дека ќе го тужи косовскиот премиер во заминување, Рамуш Харадинај, за неговата изјава дека „Рама, косовскиот претседател Хашим Тачи и српскиот претседател Александар Вучиќ ќе добиеле 10 милијарди евра за поделба на Косово“.

Тој вели дека неговата канцеларија веќе подготвува тужба против Рамуш Харадинај.

-За 10-те милијарди, тужбата не ја подготвувам јас, туку имам специјална канцеларија против клевета. Пред судовите во Косово, господинот ќе мора да дојде да го докаже како на маса ќе ги поделивме 10-те милијарди меѓу мене, Тачи и Вучиќ. Да му кажеш на народот дека 10 милијарди евра ќе сме делеле за поделбата на Косово и повторно да добиеш гласови, браво за оние што гласале за овој вид политика, рече Рама во гостувањето во емисијата „Опинон“ на Клан телевизија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести