Премиерот на Албанија Еди Рама и членовите на неговиот кабинет за малку ќе "изедеја" ќотек од демонстрантите при посетата на градот Корча

Објавил: Мартин Попоски | 30 септември, 2018 11:55

Рама и неговите министри во Корча дочекани со протести

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Албанскиот премиерот Еди Рама и членовите на неговиот Кабинет во Корча беа пречекани со протест под мотото “Рама оди си”.

Владата во Корча престојува во рамки на активноста “Целото внимание за Вас” каде пред граѓаните презентира активности за подобрување на условите за живот и проекти за зголемување на вработеноста.

Средбата со граѓани се одржa во “Куќата на знамето” пред која беше поставен полициски кордон.

Во еден момент беше и тензично кога кога демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон и да влезат во објектот, но полицијата ги спречи во тоа.

На протестот на кој присуствуваа и пратеници од опозициската демократска партија, еден од нив, Клевис Балиу, им се обрати на полицајците “за кого работите, за народот или за бандитите” на што следуваше одговор на еден од нив “за семејството”.

Инаку, ова не е првпат Рама да биде дочекан со протести.

Во мај и јуни со протести беше пречекан во Валона, Фиер, Лушња, Елбасан, Церик, Балш каде престојуваше во рамки на Националниот саем за вработување, како и во Елбасан во почетокот на овој месец каде беше на средба со просветни работници пред почетокот на учебната година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.