Уште една жртва од пожарите додека осум се во критична состојба

Објавил: Мирко Бачиќ | 5 август, 2018 12:56

Расте бројот на жртви од пожарите во Грција

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бројот на официјално потврдени и идентификувани жртви од пожарите во источниот дел на областа Атика достигна до 90 лица откако 55-годишна жена им подлегна на повредите во атинска болница.

Според последното соопштение од грчката противпожарна служба од пред два дена во Дирекцијата за криминални истраги на грчката полиција биле идентификувани 81 лице и постојат две неидентификувани тела со достапна ДНК но кои никој до сега не ги побарал.

Во грчките болници во изминатите речиси две седмици по катастрофалниот пожар на повредите им подлегнаа шест лица.

Во атинските болници има 38 повредени лица од кои седум се во сериозна состојба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.