Во текот на изминатата недела не се регистрирани смртни случаи асоцирани со грип.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 април, 2019 17:53

Регистрирани 283 заболени од грип за една недела

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Грипот не стивнува, и натаму голем бројот на лицата заболени од грип. Според извештајот од Институтот за јавно здравје, објавен на нивниот официјален веб сајт, стои дека во текот на изминатата недела (од 1 април до 7 април), во државава се регистрирани дури 283 заболени од грип, што е за 40,8 отсто помалку споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 478 заболени.

Најголем број на заболени лица се регистрирани во ЦЈЗ Скопје (n=3.652), ЦЈЗ Струмица (n=2.448), ПЕ Кавадарци (n=1.867) и ЦЈЗ Прилеп (n=1.546) 

Во текот на изминатата недела не се регистрирани смртни случаи асоцирани со грип.

Регистрираната инциденца оваа недела укажува на ниска активност на вирусот на грип. Бројот на пријавени лица оваа недела е поголем за 56,4 отсто споредено со истиот период минатата сезона.

Оваа недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнати се 18 материјали за тестирање на грип, од кои седум (38,8 отсто) позитивни за присуство на вирусот на грип – четири Influenza A(H3), еден Influenza A(H1)pdm и два Influenza А несуптипизиран.

Изминатата недела најголем број заболени лица (191) се пријавени во најголемата возрасната група од 15 до 64 години, додека највисока инциденца од 17,9 на 100.000 жители е регистрирана кај возрасната група лица постари од 65 години

Оваа недела пријавени се заболени лица од 21 извештајни единици. Најголем број заболени лица се пријавени од Подрачната единица Гостивар (58) каде е регистрирана и највисока инциденца од 48,4 на 100.000 жители.

Во сезоната 2018/2019 вкупниот број заболени од грип изнесува 20.940. Во споредба со истиот период од минатата сезона (n=23.664), постои намалување на вкупниот број на пријавени случаи за 11,5%, а во однос на моделот за последните 8 сезони (n=26.046) се регистрира намалување од 38,6%.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...