Авионот на компанијата Малезија Аирлејнс исчезна 8 март 2014 година на летот од Куал Лумпур до Пекинг со 239 патници и до сега претставува најголема авионска мистерија во историјата.

Објавил: admin@magazin | 3 март, 2019 22:29

Решена најголемата мистерија на авијацијата? Лоциран Малезискиот авион- паднал во џунгла

Фото/Текст извор: ©онлине /магазин

Местото каде што падна малезискиот авион MH370 со 88 % сигурност, е идентификувано во камбоџиската џунгла, тврди истражителот Даниел Бојер.

Авионот на компанијата Малезија Аирлејнс исчезна 8 март 2014 година, на летот од Куал Лумпур до Пекинг со 239 патници, и до сега претставува најголема авионска мистерија во историјата.

Бојер верува дека ги пронашол остатоците од авионот во Камбоџа, со помош на слики од сателит и пратил тим во Камбоџа во почетокот на оваа година, меѓутоа не успеале да стигнат до тоа место. Меѓутоа и главниот човек кој го предводел тимот верува дека на тоа оддалечено место паднал авионот, а Бојер тврди дека тоа не може да биде ни еден друг авион, освен МH370.

Бојер рече дека тимот не успеал да дојде до местото што било приметено од сателитот, затоа што не било безбедно, како и дека му било речено дека тоа би можело да биде и друг авион, но сателитските снимки покажуваат нешто друго. 

Малезискиот авион исчезна на 8 март, 2014 година од летот Куал Лумпур до Пекинг. Во авионот имаше 239 патници и 9 членови на екипажот. Овој лет е најголемата авионска мистерија во историјата.

Што би можело друго да го поремети ова место во џунгла кое е оддалечено километри од најблискиот пат, се запрашал Бојер.

Тој додаде дека и еден човек од неговиот тим разговарал со луѓето во Камбоџа, кои се присетиле, кога го виделе авионот кој се спуштил на истото подрачје како и местото на несреќата МH370.

На основа на податоците кои ги собрав со помош на тимот за испитување, сателитските снимки и историските податоци од камбоџиските авиони што паѓале на тоа место, ова е 99 отсто веројатно дека ќе биде идентификувано местото на авионската несреќа, кое е премногу оддалечено за пешачење, рече Бојер.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Исчезнат

Во интервју за ,,Фокус” пред околу две години тој раскажа дека се преселил со сопругата и четирите деца во Австралија во 2016 година.

Исчезна Давид, синот на познатиот Зоран Роџер, семејството бара помош!

Скопјанецот Зоран Илиев, познат во јавноста како Зоки Роџер апелира до јавноста да...

Порталот добил информации од СВР Струмица од каде што потврдиле дека денеска е пронајдено безживотно тело, а по завршениот увид  на полицијата, телото ќе биде предадено на обдукција.

Исчезнатиот струмичанец Ристо Илјашев пронајден мртов во буре?

Ристо Илјашев, од Струмица денеска е пронајден мртов. Струмичанецот по кого семејството...