Ружин истакнува дека времето во иднина ќе се мери како "пред" и "по" референдумот

Објавил: Мирко Бачиќ | 29 август, 2018 9:39

Ружин: Референдумот е побитен од независноста

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Според поранешниот амбасадор во НАТО, Нано Ружун, претстојниот референдум е историски момент за државата, можеби најзначаен по референдумот за независност, ако не и позначаен.

Нано Ружун е македонски политичар, поранешен амбасадор во НАТО и професор. Целото образование го посветува на правото и филозофијата каде и останува како професор се до 2001 година кога е именуван за амбасадор на Република Македонија во НАТО. Во својата политичка кариера два пати бил избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и тоа 1994 – 1998 и 1998 – 2001 година. Нано е основач на низа невладини организации како и Евроатланскиот клуб на Македонија во 1991 година. Бил и член на Парламентот во НАТО од 1995 до 2001 година. Се кандидирал за претседател на изборите во 2009 година за претседател на државата, како кандидат на ЛДП. Во првиот круг освоил 4% од гласовите.

“Сметам дека во иднина во Македонија времето ќе се мери како пред и по референдумот, европските и атлантските перспективи се отвораат и затоа комесарот Хан ја упати таа порака од Драч.” – вели поранешниот амбасадаор на НАТО, Нано Ружин.

Оваа изјава доаѓа по втората, повторена “закана” на еврокомесарот Јоханес Хан, кој вчера на маргините на состанокот на премиерите од Западен Балкан во албанскиот град Драч, порача дека македонските граѓани треба да решат дали ќе се интегрираат во ЕУ или пак ќе се вратат во изолација.

Неформалниот состанок на премиерите од Западен Балкан заврши синоќа без присуство на шефовите на владите на Србија, Босна и Херцеговина и на Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.