Земјите од "Касписката петорка" со Конвенцијата во основа го регулираат воениот сегмент и искористувањето на нафтените и полињата богати со природен гас на Касписко море

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 август, 2018 15:04

Русија и Иран и три поранешни советски република ја потпишаа конвенцијата за Каспиското Море

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Челниците на земјите од така наречената “Касписка петорка” односно Русија – Иран и трите поранешни советски републики Азербејџан – Казахстан и Туркменистан во Акту ја потпишаа Конвенцијата со која се регулира правниот статус на Каспиското Море.

Договорот кој е замислен со цел да го унапреди економскиот развој ќе им овозможи на земјите потписнички да имаат воена присутност на море што се толкува како одредба којашто ќе ја зајакне руската поморска доминација на најголемото светско езеро.

На конвенцијата која што денеска е потпишана се работеше 22 години по распадот на Советскиот сојуз кога се покренаа правни прашања за оваа област вклучително и онаа за опсегот на територијалниот суверенитет

Овој регион располага со огромни резерви од нафта и природен гас а во тек се преговори за градење прекуморски гасовод кој би ги поврувал Труменистан и Аербејџан и би ја олеснил продажбата на енергенсот во Европа.

Во Акту по завршувањето на петтиот Касписки самит потписи на конвенцијата ставиле рускиот претседател Владимир Путин – претседателот на Азербејџан Илхам Алиев – претседателот на Туркменистан Гурбангули Бердимухамедов – претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев и претседател на Иран Хасан Роухани.

Путин го нарече самитот на земјите од Касписката петорка со “епохално” значење. Според него конвенцијата го гарантиран неприсуството на морето на државите вон регионот.

“Конвенцијата за правниот статус подготвувана во текот на повеќе од дваесет години преговори го зацврстува ексклузивното право и одговорност на нашите држави за судбината на Каспиското Море воспоставувајќи јасни правила за неговото колективно експлотирање.” – изјавил Путин на самитот.

Според медиумите со конвенцијата се регулираат и превозот – риболовот – научните истражувања и воспоставување на магистралните цевководи според правилата кои со консензус ги донеле споменатите држави. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.