По негативниот однос на САД кон Русија и Турција земјите решија да се зближат

Објавил: Мирко Бачиќ | 13 август, 2018 7:59

Русија и Турција ќе го либерализираат визниот режим

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров планира да разговара со турскиот колега Мевлут Чавушоглу за изгледите за евентуално поедноставување на визниот режим меѓу земјите истакнуваат од  Министерството за надворешни работи на Русија.

“Предвидено е да се разгледаат можностите за поедноставување на режимот на патување на граѓаните на двете земји. Ние ја потврдуваме подготвеноста за либерализација на визниот режим за одредени категории турски граѓани.” – се вели во официјалното соопштение.

Министерството истакна дека руската страна исто така очекува да ја зголеми ефективноста на интеракцијата помеѓу одделенијата на двете земји во борбата против меѓународниот тероризам и организираниот криминал.

Посетата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Анкара е попотресениот пад на турската лира што е резултат на силната позиција на Белата куќа против Русија и Турција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.