Официјално ниту една институција и ниту едно лице не се под истрага на ОЈО за пребегот на Груевски. Прашање на слаба организација или сите патишта водат кон Заев и Спасовски?

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 ноември, 2018 9:19

Русковска тврди, никој не е под истрага за пребегот на Никола

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Во најмала рака скандалозна е изјавата на “тазе” унапредената обвинителка, Русковска дека во државата ниту една институција или функционер не се под истрага за пребегот на поранешниот премиер Никола Груевски.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција се уште собира докази за тоа кој е одговорен за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски.  Г

лавната обвинителка, Вилма Русковска, тврди дека засега ниту една институција не е под истрага.

Според официјалните информации од обвинителството, кое оформи предмет по допрен глас, има сомнежи дека одредени службени лица злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување му овозможиле на Груевски нелегално да ја напушти Македонија.

Министерот Оливер Спасовски ретко се појавува во јавноста, а завчера единствено откри дека граничните служби знаеле дека не смеат да го пуштат Груевски.

Според него, пред 14 месеци, по одземањето на патната исправа на Груевски, имало распис до сите гранични премини дека поранешниот премиер не може да ја напушти Македонија ниту со лична карта.

МВР има свои, не една туку две интерни истраги за кои никој веќе ништо не говори.

Засега нема одговор од институциите и во своите јавни настапи сите велат дека ќе ја чекаат истрагата што ја водат институциите за да се утврди како избегал Груевски и дали некој му помогнал.

Одговорноста за Груевски јавноста ја бара во трите институции, Специјалното јавно обвинителство кое не побара притвор за Груевски, судот што чекаше да помине викенд за да распише потерница по Груевски и Министерството за внатрешни работи кое немало никакви оперативни сознанија дека Груевски ќе бега.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести