Иако беше осудувана од јавноста за тоа што во екот на скандалот заминала на одмор, сепак таа го искористи законски предвидениот минимум за годишен одмор и од денеска продолжува со работните обврски, велат од Обвинителството.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 август, 2019 10:51

Вилма Рускоска се врати на работа

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вилма Русковска, шефицата на обвинителството за гонење на огранизиран криминал и корупција, која е задолжена за истрагата на случајот „Рекет“, денеска се вратила на работа, потврдија за „360 степени“ од оваа институција.

Премиерот Заев пред извесно време предложи СЈО да стане ново обвинителство за организиран криминал и висока корупција во рамките на државното Јавно обвинителство. Предлогот е Вилма Рускоска да го води ова обвинителство кое треба да ги преземе и предметите, обвинителите, истражителите и архивите на СЈО.

Иако беше осудувана од јавноста за тоа што во екот на скандалот заминала на одмор, сепак таа го искористи законски предвидениот минимум за годишен одмор и од денеска продолжува со работните обврски, велат од Обвинителството.

Љубомир Јовески, државниот јавен обвинител, веќе неколкупати јавно најави дека во текот на оваа недела во обвинителството ќе биде повикана и шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева, но сè уште нема прецизен датум кога таа ќе сведочи за актуелниот случај „Рекет“.

Имено јанева ја потврди автентичноста на видео и аудио снимките, кои ги објави италијанскиот весник Ла Верита, на кои се слуша нејзиниот глас.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.