петок, 26 април 2024

MK/ EN/ DE



Освен него во судот како сведок се појави и возачот на  Бојан Јовановски, Стојан Арсовски.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 март, 2020 19:33

Боки 13 до судиите: Будалата ќе проговори, а фукарта ќе се обогати

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска во Кривичниот суд-Скопје, за случајот Рекет, сведочеше докторот на Бојан кој го оперирал за намалување на тежината.

На денешното рочиште Боки и Рускоска влегоа во конфликт по што тој повторно беше отстранет од судницата.

Имено тој потврди дека првообвинетиот за случајот Боки 13, правел операција а откри и дека разговарале и за Катица да направи иста операција но тоа не се случило.

Освен него во судот како сведок се појави и возачот на  Бојан Јовановски, Стојан Арсовски.

Тоа ми беше во описот на работно место. Се сеќавам дека со Гордана Дувњак еднаш ги однесов во СЈО. Го носев и во Владата, МВР, УЈП. Додека тој беше внатре јас го чекав надвор на паркингот, рече шоферот на денешното рочиште за „Рекет“.

Стојан рече дека го возел Боки 13 и до Милано и посочи дека на првообвинетиот на кого му беше одземена речиси целата брендирана гардероба, дел од неа била добиена на подарок токму од таму.

„Бевме заедно со Бојан, неговата мајка и нивна пријателка. Освен ова патување, уште еднаш бевме во Милано повторно со Бојан, неговата мајка и пријателка. Пред да одиме во Милано, бевме во Белград на вечера со Марина Туцаковиќ со нејзиното семејство. На таа вечера сопругот на Марина на Бојан му даде плико со многу пари”, рече Стојан Арсовски, сведок во „Рекет“.

На денешното рочиште Боки и Рускоска влегоа во конфликт по што тој повторно беше отстранет од судницата.

„Чесен суде, јас нема да го цитирам Гоце Делчев како што некој што не се достојни го цитираа. Јас ќе завршам со една мисла од Иво Андриќ. „Доаѓаат времиња кога паметниот ќе замолчи, будалата ќе проговори, а фукарта ќе се обогати“, рече Боки 13.

На ова Рускоска возврати: „Да не мислеше на себе кога кажа фукара!?“, а Боки одговори: „Срам да ви е!“, 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.