Арсовски се запрашува зошто Катица Јанева и нејзиниот син Лазар Јанев се уште не се повикани на распит во ЈО?

Објавил: Рејхан Бајрами | 12 август, 2019 2:12

РУСКОСКА СЕ ВРАЌА ОД ОДМОР ВО СРЕДА: Кој прв ќе седне на обвинителската клупа?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Шефицата на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, во среда се враќа од одмор на работа, потврдија од обвинителството за организиран криминал за ТВ Сител.

Од обвинителството за Сител велат дека сите кои се замешани во аферата „Рекет“ ќе бидат повикани на распит, вклучувајќи ја и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, но се уште е непознато кога Јанева ќе седне на обвинителската клупа.

Претходно во медиумите беше соопштено дека обвинителката од СЈО Лиле Стефанова пак која е надлежна за случајот „Империја“ во вторник во ОЈО ќе го даде исказот пред обвинителот што ја заменува Рускоска додека е на одмор.

Сомнежите кажуваат дека токму синот на Катица Јанева, Лазар Јанев одел со Боки 13 на состаноци со рекетираните бизнисмени и заедно со него уценувал, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Арсовски се запрашува зошто Катица Јанева и нејзиниот син Лазар Јанев се уште не се повикани на распит во ЈО?

Инаку, на Боки 13 како осомничен во случајот му е одреден триесетдневен притвор, како и на Зоран Милевски, за изнудување пари.Тие во два наврата примиле вкупно 1,5 милион евра од побарани осум милиони евра од лицето Орце Камчев, против кое се води истрага.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.