„Овие мерки ќе бидат преземени во чекор со нашите сојузници и партнери, демонстрирајќи ја нашата решителност и единство во наметнувањето невидени трошоци за Русија за нејзината војна против Украина.“

Објавил: Мартин Попоски | 5 април, 2022 21:02

САД утре најавува нов пакет санкции против Русија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

САД утре ќе објават нови санкции кон Русија во координација со земјите од Г7 и Европската унија, според член на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.

Тој за Си-Ен-Ен изјави дека сеопфатниот пакет „ќе наметне значителни трошоци за Русија и ќе ја испрати понатаму на патот на економска, финансиска и технолошка изолација“.

Новиот пакет санкции ќе ги забрани сите нови инвестиции во Русија, ќе ги зголеми санкциите за финансиските институции и државните претпријатија во Русија и ќе ги санкционира претставниците на руската влада и членовите на нивните семејства.

„Овие мерки ќе ги деградираат клучните инструменти на руската државна моќ, ќе наметнат акутна и непосредна економска штета на Русија и ќе ја повикаат на одговорност руската клептократија која ја финансира и поддржува војната на Путин“, рече претставникот.

„Овие мерки ќе бидат преземени во чекор со нашите сојузници и партнери, демонстрирајќи ја нашата решителност и единство во наметнувањето невидени трошоци за Русија за нејзината војна против Украина.“

Официјалниот претставник додаде: „Веќе заклучивме дека Русија извршила воени злосторства во Украина, а информациите од Буча се чини дека покажуваат дополнителни докази за воени злосторства.

И како што рече претседателот, ќе работиме со светот за да обезбеди целосна одговорност за овие злосторства. Една од тие алатки се санкциите – и ние интензивно работиме со нашите европски сојузници на дополнителни санкции“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.