Од пет члена во Државната комисија за спречување на корупција останаа само два

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 август, 2018 7:55

Сакаме во ЕУ со Државна комисија за антикорупција од два члена кои се на одмор!?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По оставките на членовите во нејзиниот состав останаа м-р Сузана Таскова Аџикотарева и Најдо Спасевски. 

Државната комисија за спречување на корупцијата од страна на генералниот секретар д-р Розета Трајан информираше дека по 19-ти март 2018 година кога од страна на Собранието на Република Македонија е донесена Одлука за разрешување на пет од вкупно седум членови на институцијата нема можност да одлучува и решава по однос доставените барања и пријави од странките во согласност со начинот на работа утврден во Законот за спречување на корупцијата.

Непостоењето на законско решение за постапување на институцијата во вакви услови ја остава комисијата правно закочена во однос на сите информации и алармирања од јавноста за случаи каде постои сомневање за судир на интереси и корупција.

Во моментот Државната комисија за спречување на корупцијата не работи во полн состав и има само двајца членови кои не доаѓаат на работа и не ја остваруваат својата функција но истите ги остваруваат сите права што ги имаат лицата со статус на именувани лица од страна на Собранието на Република Македонија па сега се на годишен одмор.

Целосното блокирање на институцијата во смисла на одлучување и решавање по конкретни предмети во изминатиот петмесечен период и периодот што следи до донесување на новиот закон за спречување на корупцијата и конституирање на новото антикорупциско тело во голема мера негативно се одразува врз комисијата особено по големите финансиски афери на министерства или владини институции.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести